Информации за задругата

  Земјоделската задруга Преспански овоштари - Ресен е формирана од 16 основачи на 27.05.2010 година со цел да го потикне развојот и унапредувањето на земјоделството во Преспанскиот регион и во Македонија, а исто така да го зголемат економскиот развој на сопствените фарми. Задругата во моментот произведува јаболка, компири, аронија и други земјоделски производи.


   Од сите горенаведени земјоделски производи производството на јаболка е најзастапено и притоа се произведуваат над 2000 тони високо квалитени јаболка од следниве сорти: ајдаред, златен делишес, црвен делишес, гренисмит, фуџи, јонаголд, чадел, муцо и други.