Преспа и знаменитостите на Преспа
Преспа
Преспа е историско-географска област во регионот Македонија, сега разделена помеѓу Република Македонија, Грција и Албанија. Во географска смисла на зборот поимот Преспа представува голема котлина во чиј центар се сместени двете Преспански езера - Големото и Малото. Од север котлината е заградена од планината Бигла, од запад од Галичица, од југ од Сува Гора и од исток од Баба. Северната страна на областа, лежи во Република Македонија и се нарекува Горна Преспа и го опфаќа поголемиот дел од територијата на општината Ресен. Јужната - Долна Преспа е разделена на Мала Преспа, на чија територија е албанската општина Пустец и Голема Преспа, на чија територија лежи грчката општина Преспа и јужниот дел на општината Ресен.
Преспанската котлина од сите страни е обиколена со високи планини: на исток е планината Баба со највисокиот врв Пелистер (2601 м); на север Бигла (1933 м),на запад Галичица (2255м) и на југ Горбеч (1750м). Самата котлина неприродно е поделена помеѓу три држави од која најголемиот дел и припаѓа на Република Македонија,а останатите делови се во Република Грција и Република Албанија. Во котлината се наоѓаат две езера:Големото и Малото Преспанско езеро Во водите на Големо преспанско езеро се наоѓа тромеѓето на македонската - грчката и албанска граница.
Големото Преспанско езеро има површина од 284 km? со надморска височина од 853 м и најголема длабочина од 54 м, спаѓа меѓу најчистите езера во светот. Од површината на езерото 65% и припаѓаат на Република Македонија, 18% на Република Албанија и 17% на Република Грција . Во Големото Преспанско езеро постојат два острови: Островот Голем Град (Св.Петар) со површина од 1 km?, се наоѓа на самот тромеѓе од државните граници и ? припаѓа на Република Македонија кој воедно претставува и единствен остров државата, обраснат е со фојова шума (juniperus foeditissima) стара неколку векови,богат е со археолошки наоѓалишта и е заштитен со закон како природна реткост.
Водите на Преспанското езеро преку понорници истекуваат во Охридското Езеро .Езерото е богато со риба,а особено е познат преспанскиот крап и рибите белвици-нивички, а има искобуст, мренка ,клен и др.
Преспанската котлина се наоѓа помеѓу двата национални паркови Пелистер и Галичица,всушност преставува составен дел на едниот и другиот национален парк.
Голем Град
Голем Град: вистинскиот и единствен пуст остров во Македонија - кој распослан како голема школка се протега среде Преспанско Езеро.
Се наоѓа покрај западниот брег на Преспанското Езеро во близина на тромеѓето на Македонија, Албанија и Грција. Зафаќа површина од 21.9 ha, долг е 800 м а широк 400 м. Бреговите се стрмни клифови високи 4 – 6 м тешко пристапни.
Островот Голем Град е живеалиште на 160 видови папрати и семејни растенија, 20 видови медитерански растенија, а јужноевропскиот флорен елемент е застапен со 80 видови. Тука се имаат засолнето многу растенија, голем број од нив се, навистина, многу ретки, а за други, пак, Голем Град е единственото живеалиште. Што се однесува до животинскиот свет, Голем Град е богат со разни видови безрбетници, влечуги, птици и зајаци. Островот Голем Град има зоолошко значење бидејќи на него или во неговата непосредна околина се гнездат или живеат многу видови птици меѓу кои и некои многу ретки и загрозени видови како што се: белата чапја, пеликанот, пиштарката, големиот корморан и големата брегова ластовица. На островот има и каратктеристичен и впечатлив растителен свет претставен со вековна шума на дива фоја. Интересно е и присуството на копривката Celtis glabra која се среќава само на планината Кафказ и на овој мал остров. Голем Град е дом и за патките, кои гнездата ги свиваат меѓу камењата на брегот, ластовичките, пеликаните и за други видови птици. Импресионира фактот што на површина од само 20 хектари успеваат да опстанат толку различни и ретки видови растителен и животински свет.
Во летен сончев ден крајбрежјето станува вистинска плажа за голем број водни змии- езерски белоушки, кои провлекувајќи се низ камењата се печат на сонцето. Ги има во сите големини и со различни шари. Овој остров за нив е вистински рај. Имаат храна во изобилство, а речиси и немаат посериозни непријатели на островот. И додека уживате во мирното езеро и во звукот на инсектите, не чудете се ако тишината ви ја нарушат јатата од стотици корморани.
НАЦИОНАЛЕН ПАРК - ГАЛИЧИЦА
Територија.
Националниот парк Галичица зафаќа површина од 25 000 ha. Најниската точка е нивото на Охридското Езеро (695 м.н.в) и нивото на Преспанското Езеро (850 м.н.в.), а највисоката врвот Магаро (2 255 м.н.в). Јужната граница е истоврмено и државната границата со Р.Албанија, а западната граница е брегот на Охридското Езеро. Северната точка ги поврзува двете езера преку неколку маркантни коти. Почнува кај манастирот Св.Петка кај селото Велгошти и во права линија оди до врвот Вишесла. Од него преку Петринско поле, месноста Исток до врвот Самар од каде се спушта до месноста Сир Хан на Преспанско Езеро. Источната граница оди по брегот на Преспанското Езеро до државната граница со Република Албанија вклучувајќи го и островот Голем Град.
Lynx lynx martinoi или балкански рис е автохтон вид од кој во Македонија е застапен со околу 30-35 единки. Заради оваа мала бројка и најразновидните закани на кои е изложена популацијата на рисот, кои во најголем број произлегуваат од активностите на човекот, од Јули 2006 година, Македонското еколошко друштво (МЕД) започна со спроведувае на проект за заштита на а популација на балканскиот рис во Македонија со наслов " Програма за закрепнување на балканскиот рис".
САРАЈОТ НА АХМЕТ НИЈАЗИ-бег Ресен
Зградата на поранешниот Сарај на Ахмет Нијази-бег во Ресен, каде што сега се наоѓаат Домот на културата "Драги Тозија", постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија, е вброена во најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија.
Како објект со високи естетски и функционални вредности, се смета за еден од поважните примери на архитектурата од почетокот на 20 век, во кои се присутни елементи од европските историски стилови во архитектурата.
Со својата големина, симетричност и складни пропорции отскокнува од се' што претходно било изградено во Ресен, но и во периодот кога овој објект бил граден - од 1905 до 1909 година.
Дел од занаетчиските работи на објектот биле изведувани подоцна. Неговиот покрив е обновен во 1982 година, а во 2005 година е реставриран со средства од Светска банка. Фасцинантниот објект е висок 25 метри, со површина од 4.800 квадратни метри внатрешен простор, а во обработка на ентериерот се користени префинето обработени висококвалитетни материјали.
За неговата градба се врзува и мошне интересна приказна.
Нарачателот на изградбата Ахмет Нијази-бег, како студент на воена академија во Истанбул и веројатно припадник на младотурското движење, бил испратен во Ресен, каде што подоцна примил разгледница со Версајскиот дворец од свој пријател од Париз.
Богатиот ресенски бег решил да изгради исто така убав објект, каде што планирал да живее, но за жал, бил убиен во 1912 година во Драч, пред дворецот да биде комплетно завршен.
За исклучителен факт се смета и умешноста на локалните тајфи- градители, кои успеале да го реализираат објектот со големи димензии и богата декорација. Тоа на проучувачите на архитектонските карактеристики и вредност на Сарајот им говори за совршено познавање на градителскиот занает.